Милошоски: Tреба да се обединиме против еден човек којшто е неурамнотежен

Заев не успеа  да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа  да го заштити достоинството  на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи  да направи многу предавста и успеа да да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа  нашата порака е  оставка за Заев, слобода за Mакедонија, рече на протестот во Велес  Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој оцени дека парола „Оставка за Заев, слобода за Mакедонија“ ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде

– Многу граѓани стануваат секој ден посвесни  дека со Заев нивниот живот станува  потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме  дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во еконосмка и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга  кога Заев ќе падне  од власт – додаде Милошоски.

Тој рече дека пораката на ВМРО-ДПМНЕ е дека е време Заев да си даде оставка  за да може државата да исчекори напред  без разлика  кој и каде политички припаѓа.

– Треба да се обединиме  против еден човек којшто е прилично неурамнотежен и како  личност  и како политичар и да ја зачуваме Македонија  и како држава  и да овозможиме да се движи напред – рече Милошовски.