Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска со други пратеници беше во посета на Охрид.
-Тука сум прво затоа што имаме со Германската фондација Конрад Аденауер еден заеднички проект во соработка во однос на локалните избори, комуникација со граѓани, развој на програми за локална самоуправа и како поуспешно и со помош на германската ЦДУ да стигнеме до подобар изборен резултат. Втората работа која што сакам да ја спомена е дека ќе го искористиме престојот тука за да направиме средби со повеќе стопанственици од туристичкиот сектор и од други сектори во Охрид кои што гледаме дека се многу погодени од работењето на владата која што не им дава приоритет, ниту пак сериозни решенија за да ја надминат оваа тешка кризна ситуација која што на Охрид се одразува со зголемување на бројот на невработени лица, вели тој.
Милошоски од Охрид испрати две пораки.