На новинарско прашање, колку денови ќе бидат потребни од завршувањето на вонредна состојба до одржување на избори Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ вели дека најдобро е да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија.
Сметам дека доколку одговараме како политички партии ќе имаме различни мислења и толкувања, но затоа според мене за одржувањето на избори после вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија. Венецијанската комисија како стручно тело на Советот на Европа и тело кое се занимава и со проблематиката на избори да бидат фер и демократски, смета дека најмалку 60 дена се потребни по завршувањето на вонредната состојба. Тоа е така, за да можат да се организираат добри, фер и нормални избори. Но, прашањето за изборите според мене треба да биде во овој момент одлучено и од Државната изборна комисија и од здравствените експерти и од политичките партии при средбата кај претседателот Стево Пендаровски за што се надеваме дека СДСМ ќе биде присутна – вели Милошоски.