Милошоски: Заев има фирми во Бугарија, Реџепи е логиран на ФБ во Бугарија

Премиерот Зоран Заев поседива пари, фирми и имот во соседна Бугарија, а пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи е логиран на социјалната мрежа од оваа земја, забележа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на ФБ во Бугарија… ❗
Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и Тој ❗ (via FB page transparency)„, објави на својот фејсбук профила пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Претходно Реџепи реши да не се појави во четвртокот во Собранието на седницата на која треба да се гласа за недоверба на Владата на Заев, објавувајќи дека наводно од „дипломатски извор“ бил уверен дека во декември Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија.
Неговото отсуство фактички во моментов ѝ овозможува на владејачката коалиција минимални мнозинство, иако неговата партија чиј дел е и самата се реши да ја поддржи иницијативата за гласање недоверба на Владата.