Милошски и порача на власта да понуди реални проекти за туризмот и стопанството

Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ остварија средбисо туристички, угостителски работници и со туристички водичи во Охрид.

-Охридското крајбрежје се соочува со големи проблеми во туризмот. Акцијата за делење ваучери за туризам, за жал, се покажа како неуспешна за да му помогне на реално на туристичкиот сектор. Дури и бројот на домашните туристи но Охридското крајбрежје е намален за 64%. Затоа сметаме дека власта наместо да менува во четири години три министри за финансии, подобро е да го смени концептот кон Охрид и Струга, и да понуди реални проекти што можат да му помогнат на градот, на туризмот и стопанството, рече по средбата пратеникот Антонијо Милошоски.

Во изјавата по средбата Милошоски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пред се пратениците од Охрид, преку Собранието ќе побараат закони, амандмани и решенија кои што можат да бидат и помош за граѓаните и за стопанството.