Милошски: Лицето З.З. во секој негов слаб судија денес, гледа негов добар адвокат утре!

Петранка е една од судиите кому лицето З.З. му има ветено избор за судија во Апелација Скопје, пишува на својот Фејсбук профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и прашува:

„Зошто З.З. сака да „купи” уште некој ден власт. Меѓу другото и за да го зголеми своето лично влијание во судството, за да се заштити при евентуално судење“.

Милошески понатму вели дека следниве денови ќе бидеме сведоци на театарот во Судскиот совет, каде ќе се бираат судии во Апелација Скопје, по однапред утврдената листа на лицето З.З., а членот Лорета Георгиева (сопруга на менаџерот на кампањите 10€ за глас за З.З. во Струмица) ќе биде главен извршител во РСС.

„Впрочем, г-н Здравев од самиот почеток е номинален функционер во РСС, а јавна тајна е дека Лорета е де-факто главниот фактор.

За судијка во скопската Апелација (трговски оддел) ќе биде избрана уште една блиска пријателка на З.З. и на Лорета Георгиева, а нејзиното име е Петранка Ташева, судијка од основниот суд во Струмица.

Дали и како ќерката на Петранка станала советник во кабинетот на министерот Филипче, не е ни толку битно. Битно е дека лицето З.З. во секој негов слаб судија денес, гледа негов добар адвокат утре!“, наведува Милошоски.