Пратеникот Антонијо Милошоски, кој претходно ја повика телевизијата Канал 5 да ги искористи блиските релации со Владата и во име на вистината да истражува за убиството на Мартин Нешковски и вмешаноста на тогашните премиер и министерка за внаатрешни работи во случајот, ја повика и телевизијата Телма, која ревносно го следеше случајот, во име на вистината, во 2015 година, и овојпат да продолжи со истиот жар да истражува во име на вистината.
Бомбата, која ја објави Зоран Заев во 2015 година, трае 3 минути и се добива впечаток дека Груевски и Јанкулоска се обидуваат да го забошотат случајот. Деновиве Ел Чека ја објави целата бомба во траење од 12 минути. Вистината е сосема друга.