Милошоски: Граѓаните нема да дозволат СДСМ да ја продаде Битола

битола

Затоа од овде порачуваме на 11 декември ќе победи народот, а не фантоми, во програмата „Реално“, Битола е приоритет и затоа ќе се изгради голема спортска сала, со базен, со ватерполо терен, како и со гимнастичка сала, овој проект ќе чини 13 милиони евра. Во Битола ќе се воведе гасот како енергенс во домаќинствата, ќе се изгради и топлификација за да можат граѓаните да се загреваат на гас, ќе се реновира и болницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го решава проблемот со воздухот во Битола, ќе им помогне во почиста околина, но доколку само ако бидеме сојузници меѓу себе. Пред три години сведоци сме на опожарениот планинарски дом Копанки дека домот ќе биде обновен и заедно тој ќе стане центар на цела Битола, истакна Милошоски.

Ќе изградиме и експресен пат до Меџитлија, како и реконструкција на патот Битола-Демир Хисар, приоритет во следните четири години ни се отворање на нови 70.000 работни места. Оние кои што ветуваат шарени лаги да ги потсетиме дека не така одамна во 2006 година имавме невработеност од 38 проценти, а денес имаме 24 проценти на невработеност, вели тој.

Во Битола, додаде Милошоски, во 2006-та година биле пријавени вкупно 27.000 како вработени лица, а денес во 2016-та година таа бројка изнесува над  33.000 граѓани, а со тоа сме успеале за 6.000 места да ја зголемиле вработеноста во овој град. -Но затоа нас ни треба стабилна Влада, на 11 декември не ни треба само победа нас ни требаат 63 пратеници за политички стабилна Република Македонија, рече Милошоски.

Радмила Шекеринска деновиве зборуваше за просечна плата од 30.000 денари, но да ве потсетам дека кога таа беше вицепремиер просечната плата изнесуваше 11.000 денари. Таа ветуваше во 2002 година вработување во секое семејство и затоа наследивме огромна невработеност бидејќи се залагаше за огромна вработеност. Заев цело време не тормози, ни предизвикува тензии и не држи во заложништво, но јас би му порачал да се согласат и тој и Шекеринска на една политичка работа, тој што ќе победи да му подаде рака и да му честита на победникот, за да престанеме веќе да го малтретираме народот, а тоа е во интерес на целата држава, потенцираше Милошоски.

Тој исто така му порача на Заев дека тука до Саат кулата има седум имиња на револуционери кои што загинаа за Битола и затоа нема да ви успее да ја продадете Битола како Кичево и Струга, граѓаните не сакаат дестабилизација, не сакаат двојазичност, не сакаат кантонизација и затоа тоа ќе го покажат на 11 декември.