![Катица-јанева](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Katica-janeva.jpg?resize=685%2C370&ssl=1)
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук-профил јавно поставува неколку отворени прашања во однос на боледувањето издадено од матичен лекар на Катица Јанева и со оглед на дијагнозата во боледувањето – растројство, анксиозност – за нејзината работна способност во извршувањето на задачите на прв човек на Специјалното јавно обвинителство.
Милошоски го објавува факсимилот од издаденото боледување. „Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16 јули до 15 август 2019 година. Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси“.
Објавените факсимили отвораат низа дилеми за тоа како специјалната јавна обвинителка добила 30 дена можност да отсуствува од работа поради спреченост од избран (матичен) лекар.
Според шифрарникот на дијагнози овие шифри (Ф40 до Ф48) се однесуваат на проблеми со нервите и психата, односно медицински кажано невротски, стресогени и соматоформни растројства.