![izbori1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/izbori1.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Она што може да се заклучи од разговорите со повеќе претставници на меѓународната заедница, наши пријатели е дека и на нив им одговара завршување на оваа криза, потенцираше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Вестите на ТВ Сител.
Македонија е сепак во еден важен регион, имаме ситуации кои се од регионална и глобална важност, имаме миграциска криза, внатрешни случувања и потреби за реформи. Добро е да се има избори , да се има Влада, да се има еден соговорник, легитимен од македонска страна и сигурен сум дека нашите меѓународни пријатели ќе дадат се од себе да се исполни она што беше договорено во Пржино и да ја решиме кризата на начин на кој што граѓаните ќе ја изразат својата изборна волја.