
Две ипол години чекавме, две ипол години ја малтретираа државата. Побараа Државна изборна комисија, ја добија, побараа Министерство за внатрешни работи, го добија, побараа избори, ги добија. Добија и пораз и треба да го признаат. Македонија победи на чесни и достоинствени избори. Македонскиот народ гласаше, а ДИК треба да биде достоинствена како што беше достоинствен македонскиот народ и да ја признае волјата на граѓаните, рече Милошоски.
Тој додаде дека на државата не и требаат повеќе кризи. – Две ипол години бевме во криза за да дојдеме до избори. Дојдовме до избори. Бевме чесни, излеговме на гласање и победивме. Сакаме победата да ни биде потврдена за Македонија да биде стабилна, да биде напредна, рече Милошоски.
Пред граѓаните се обратија и Илија Димовски и Влатко Ѓорчев, кои посочија дека опозицијата добила услови за одржување избори како никаде во светот.