Предилинденската средба на власта и опозицијата за Законот јавното обвинителство заврши без хепиенд, соопшти пратеникот Антонијо Милошоски на прес-конференцијата по средбата во Министерството за правда.
На состанокот на кој учествувале адвокатот Панче Тошковски, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пратеник, во име на опозицијата и минситерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Бојан Маричиќ и пратеничката Соња Мираковска, како представници на власта, според Милошоски, не било констатирано дека е можно добилижување на ставовите со оглед на тоа што „власта не е подготвена по никоја цена да се откаже од Вилма Рускоска, затоа што е подобна да им служи како адвикат на некои лица, високи функционери вмешани во „Рекет““.
За жал, ова средба, за разлика од претходната не беше продукртивна. Власта не е подготвена во системското решение на Законот за јавното обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и доверба од јавноста дека вистински се бори против организиран криминал и висока корупција. Гледаме дека за се се спремни да разговараат, но не и за губење на политичката контрола на владата врз Обвинителството за органзииран криминал и висока корупција, рече Милошоски.
Тој додаде дека последниот случај, „Рекет“, само покажува дека обвинителката Рускоска за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица или некојси Кики и Фрики се однесува како нивни адвокат.
Ова обвинителство не се труди во случајот „Рекет“ да открие повеќе докази, туку со одолговлекувањето, со изгубените телефони и годишните одмори како да се труди да сокрие повеќе докази за овој мегаскандал. Сметаме дека тоа во моментов се појавува како пречка за продуктивноста на разговорите за Законот за ЈО.
Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ предложил неколку системски решениза за изборот, мандатот и структурата на новото обвинителство, кои не се врзуваат за личности соглаасно со законот.
Не се согласуваме ex oficio обвинителката Катица Јанева, другите обвинители и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за органзиран криминал, бидејќи се сомневаме дека некои од нив можеби имаат улога во „Рекет“.