-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,
– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,
– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!
Само продолжете, нема да не’ замолчите!, пишува Милошоски на Фејсбук.
Во петокот Милошоски на Фејсбук информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.
-После настапот на ТВ Телма 📺 со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие 🇲🇰, отколку да бидам награден за велепредавство, напиша во петокот Милошоски.