Милошоски: Реформистот Заев преку експерти ќе ја менува химната, знамето и ќе го воведува албанскиот јазик

-Господине Заев, не ја потценувајте интелигенцијата на македонските граѓани и ако сакате да ги уверите дека водите политика корисна за Република Македонија докажете го тоа само со една кратка и јасна реченица, дека ја отфрлате платформата од Тирана како платформа на туѓа држава која што нема свое место во политиката на унитарна Македонија. Господинот Заев денеска уште еднаш покажа дека не го почитува мислењето на граѓаните. Тој денеска уште еднаш потврди дека е уценет и дека со измама на штета на државните и националните интереси сака да се дограби до власта. Изборна измама значи кога на изборите ќе победите со една програма, а после изборите ќе прифатите уцена и за да дојдете на власт ќе спроведувате друга програма од која што не сакате да се откажете. Затоа господинот Заев денеска не собра храброст да ја отфрли јасно платформата од Тирана и сите елементи кои што се содржани во неа. До вчера господинот Заев лажеше дека со ДУИ и со Зијадин Села разговарале само за начела и принципи, но денес откри дека има изготвен и предлог закон за употреба на албанскиот јазик, но ја сокри неговата содржина, го сокри на пример членот 8 кој што беше претходно истакнат во јавноста. Денес господинот Заев откри дека се разговарало и за осуда, за резолуција, за геноцид врз Албанците во Македонија, но не откри и не кажа што ќе содржи таа резолуција и кога ќе биде донесена.

-Заев сокри кој ќе биде осуден за геноцид и дали и Србија, Бугарија, Грција или самата Република Македонија ќе бидат меѓу осудените за наводниот геноцид. Аболицираниот Зоран Заев не собра храброст да ги осуди изјавите на неговиот коалиционен партнер и иден реформист Зијадин Села, кој го негира македонскиот национален идентитет, македонската химна и знаме и го негира постоењето на Македонците. Овој коалиционен партнер на господинот Заев идниот реформист Зијадин Села со своите три потписи го купи националното достоинство на Зоран Заев доколку воопшто го има, Зоран Заев конфузно се обиде да ги излаже граѓаните ја прочита програмата на СДСМ и се сокри зад празните фоскули дека ќе се дискутирало во иднина за химната, грбот, знамето, но и за тоа дека ќе одлучувале експерти.

Тој вели и дека граѓаните на изборите не гласаа за експерти, тие гласаа за кандидати за пратеници и кандидати за премиери, а политичарите, собранието и владата ќе одлучуваат за изгледот, устројството, законите и уставот на оваа држава. Затоа Заев непотребно својата прифатена уцена се обиде да ја сокрие зад идните дебати на експертите. Заев смета дека народот е наивен и дека вакви фрази за експретски дебати ќе ја реаливитизираат неговата позиција во која што тој прифаќа една уцена која што е на штета на унитарниот карактер и стабилноста на Република Македонија.