Милошоски: Шекеринска успеа да му направи сопка на Црвенковски, следен е Заев

црвенковски

СДСМ уште пред да почнат изборите се откажаа од Демир Хисар и нивниот кандидат го ставија на далечното 14 место. Во Демир Хисар ќе направиме прочистителна станица, ќе го обновиме и реконструираме патот до Битола кој што го користат многу луѓе. Ние не ветуваме нереални работи и завиткани проекти во целофан какви што нудат СДСМ. СДСМ ако дојде на власт ветуваат просечната плата од 30.000 денари, а во нивното време на владеење просечната плата изнесуваше 8.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ нуди реални проекти. Минималната плата во времето на СДСМ беше 6.000 денари, а сега кога не се на власт ветуваат минимална плата од 16.000 денари, да беше така Заев и фамилијата зошто не им даваат плата од 30.000 денари во нивнитеседум фирми во Струмица? Оваа лага завиткана во целофан на СДСМ е нереална лага и многу опасна игра, ние знаеме, памтиме кога СДСМ беше на власт во 2006 година бројот на невработени беше 38 проценти невработеност, а денес со макотрпни маки и заложба на ВМРО-ДПМНЕ успеавме да ја намалиме невработеноста на 24 проценти. А нашата цел и желба за во иднина е да донесеме многу странски инвестиции и да отвориме дополнителни 70.000 нови работни места, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека СДСМ веќе почна да игра на картата за дестабилизација и дигање на меѓуетничките тензии помеѓу Албанците и Македонците.

Нас не ни се проблем националностите, нас не ништи економијата која ја предлагаат Зоран Заев и Радмила Шекеринска. На Зоран Заев како понов член во политиката треба да му биде јасно дека Рамила Шекеринска успеа да лизне еден претседател од СДСМ и да му направи сопка на Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска е таа што ќе му направи сопка и на Зоран Заев, тој ќе биде претседател на СДСМ до 11 декември, а од 12 декември СДСМ ќе бира нов претседател, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира премиерот на Република Македонија, потенцираше Милошоски.