Милошоски: Заев прелесно вети дека ќе го сменат името на Република Македонија

Владите работат според ветувањата кои ги дале, некои ветувања се дадени јавно пред граѓаните, а некои ветувања веројатно се дадени тајно на фактори кои не се гласачи во Македонија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и високиот партиски фуницонер Антонио Милошоски, кој во понеделниког гостуваше во централниот Дневник на Алфа телевиизја

Милошоски истакна дека актуелната влада на Зоран Заев во еден добар дел, без разлика дали станува збор за ткн Платформа од Тирана или за меѓународниот фактор, дел од тој фактор којшто помогна ваквата влада, како што посочи, да биде инсталирана Влада, добил ветувања од Заев кој знаејќи дека сам не може да стане премиер, побара поддршка од секого и вети сѐ што смета дека некој сака да го добие.

„Според мене, многу прелесно е ветено од страната на Заев дека ќе го сменат името на Република Македонија или ќе најдат решение кое ќе ја задоволи соседна Атина, за да може тоа да биде на задоволство на некои меѓународни чинители кои имаат други цели во регионот“, рече Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

Во однос на скандалот со написот од понеделникот во реномираниот весник рт Фајненшел тајмс, кога по интервенција на СДСМ беше променет насловот извлечен од интервјуот со министерот за надворешни работи Никола Димитров во смисла дека актуелната влада ќе ја разгледа можноста да го смени името, Милошоски рече дека е можно да згреши некој друг весник, но „Фајненшел тајмс“ тешко прави такви грешки.

„… Особено не кога има личен контакт со министерот кој има своја изјава во наведениот текст и голема е разликата од првиот наслов каде што пишуваше ‘Македонија предлага смена на името за членство во НАТО’, до вториот наслов пое реакцијата каде што се наведува дека ‘Македонија разгледува членство под референцата во однос на НАТО’. Но, како и да е вистините, ветувањата, фактурите брзо стигнуваат и брзо излегуваат на виделина. Она што навистина ме изненадува, не многу пријатно, е што новата Влада во многу краток број на денови направи прилично голем број на гафови, пропусти и не очекував толку брзо да девалвираат одредени сериозни теми“, истакна меѓу другото Милошоски.