
Државата Израел и нејзините највисоки функционери излегоа со кристално јасен став околу куртоазната средба со Заев – „Со Зоран Заев не е разговарано за какви било безбедносни или финансиски прашања“, истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го изјави вицепремиерто на Израел, Шалом, наспроти изјавата на Заев кој што злоупотребувајќи ја оваа средба се обиде да ја излаже македонската јавност дека таму разговарал за безбедносни и финансиски прашања и дека има нови документи, сопред него, за некои афери или скандали. Со ова Заев потврдува дека направил две лаги. Еднаш ги излажал своите домаќини и го злоупотребил нивното гостопримство и второ со средбата се обиддел да ја излаже и македонската јавност за тоа дека тој е некој политичар од висок ранг и дека добил некои доверливи документи од финансиски или безбедносен карактер, истакна Милошоски на денешната прес конференција.
Тој го осуди фактот што СДСМ молчи веќе трет ден за овој дипломатски гаф кој што се случи помеѓу Македонија и Израел. Трет ден нема никаква реакција, ниту официјален став во врска со официјалниот демант кој што стигна од државата Израел. Воедно, побара одговор од СДСМ за овој дипломатски скандал.
Дали лидерот на СДСМ нема капацитет или не разбрал за што се говорело на средбата или свесно ја лажел и македонската јавност и ги злоупотребил гостопримството и средбите во Израел. Тоа треба да биде објаснето во најмала рака од Заев.
Ќе почекаме СДСМ да срочи одговори на овие значајни прашања, но ако за некој не бил јасно, за нас одамна е јасно дека Зоран Заев лагата ја употребува како свој метод во политичката игра и во односите со јавноста. Се додека неговата партијата не се произнесе за овој скандал, тој за нас ќе остане познат како Зоран Лагата Заев.
Зоран Л. Заев безочно излажа дека во Израел добил нови документи, докази и не знам што уште не? На неговите портали спонзорирани од СОРОС беше објавено дека откако Зоран Л. Заев ќе го „доставел тоа што ќе било потврдено од добиеното“ ќе се знае што добил и што е потврдено. Досега немаме ниту нешто доставено, ниту потврдено, ниту пак демантирано за она што беше соопштено од израелска страна. Тоа е начинот на работење на Зоран Л. Заев, истакна Милошоски
Тој посочи дека безобразното лажење на Заев и добивањето на ваков остар демант не е проблем само на Заев, туку и за кредибилитетот на Македонија во своите дипломатски односи со Израел.
Лажењто на Зоран Л. Заев може да заврши со еден демант кога станува збор за македонско-израелските односи, а неговото лажење во политиката ќе заврши со уште еден голем демант на 24-ти април кога очекуваме ваквите политичари и партии кои што ги предводат, да доживеат тежок пораз на претсетојните избори, подвлече Милошоски.