Милвоки ја победи Атланта, дабл-дабл учинок на Богдановиќ

Кошаркарите на Атланта хокс беа поразени од Милвоки бакс со 113-122, каде српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше најдобар во редовите на својата екипа и го заврши мечот со дабл-дабл учинок.

Србинот постигна 38 поени и 10 скокови, а посебно блесна во последната четвртина каде што постигна дури 17 поени, но тоа не беше доволно за радост на неговата екипа.

Во редовите на Милвоки блесна Јанис Адетокумпо со 36 поени, 16 скокови и осум асистенции.