Кошаркарите на Милвоки го совладаа Бруклин со 107-96 и израмнија на 2-2 во полуфиналната серија од плеј-офот на Источната конференција.
На Бакси им помогна и повредата на Кајри Ирвинг, а според првите проценки оваа сезона за него е завршена. Ниту Харден, кој се повреди на првиот натпревар од серијата, не беше на паркетот, па Бруклин имаше претешка мисија.
На крајот, Милвоки славеше со +11, во дуел во кој имаше максимална предност од 19 поени. Петтиот натпревар од серијата се игра на 15 јуни.
Најдобар во победничкиот тим беше Јанис Антетокумбо со 34 поени и 12 скока. Ги следеше Крис Мидлтон со 19 поени и осум асистенции. Кај Бруклин се истакна Кевин Дурант со 28 поени и 13 скока, а покрај него единствен со двоцифрен учинок беше Кајри Ирвинг, кој постигна 11 поени за 17 минути игра минати во игра.