Кошаркарите на Милвоки Бакс се на чекор од големото финале во НБА лигата, откако ноќта кон петокот на домашен паркет ги совладаа Атланта Хоукс со 123:113, и со 3-2 поведа во финалната серија во Источната конференција.
Двете екипи настапија без своите најдобри кошаркари кои се повредени. Молвоки беше без Јанис Адетокумбо, кој ги повреди лигаментите на левото колено во четвртиот дуел, а Атланта втор дуел со ред играше без Треј Јанг, кој во третиот меч од серијата го повреди стапалото.
Милвоки одлично влегоа во натпреварот, и во првата четвртина во еден момент имаа 20 коша предност, но гостите од Атланта на почетокот од третата делница дојдоа на само „минус шест“ на 59:65. Бакс многу брзо се вратија на двоцифрена предност, а во последната четвртина имаа во неколку наврати и водство од 18 поени. До крајот на дуелот Атланта не успеа ниту еднаш да се приближи на помалку од десет поени заостанување.
Најобар играч на натпреварот беше центарот на Милвоки, Брук Лопез со 33 коша, 7 скоови и 4 блокади. Криск Мидлтон впиша 26 коша со 13 колови, Џру Холидеј 25 коша со 13 асистенции, а Боби Протист постигна 22 коша.
Екипата на Атланта ја предводеше српскиот играч Богдан Богдановиќ со 28 коша, од кои седум беа постигнати со „тројки“. Џон Колинс и Данило Галинари додадоа по 19 поени, а Лу Вилијамс 17 коша.