Изминатата 2013-та годинабила шестата најтопла година откако започнаа мерењата во 1850-тата година, што потврдува дека климатскиот систем на нашата планета е под влијание на долгорочно загревање кое повеќе ќе ги погоди следните генерации, соопшти Светската метеоролошка организација (ВМО).
„Глобалните температури во 2013-та година го следат трендот на долгорочно затоплување“, соопшти директорот на метеоролошката агенција на Обединетите нации, Мишел Жаро.
Тој напоменал дека темпото на загревање не е исто во сите земји и навела дека минатата година била најтопла во Австралија додека во САД рекордно високите температури забележани во 2012-та година.
„Со оглед на рекордната количина на гасови од стаклената градина во нашата атмосфера, глобалните температури ќе продолжат да растат и во следните години“, рекол директорот на ВМО.
Според него, повеќе од 90 отсто од прекумерната топлина произведена од човековите активности ги апсорбираат океаните, чии температури може да го променат интензитетот и фреквентноста на временскиот шаблона Ел Нињо, кој грее и Ла Ниња која лади.
Температурите кои го погодија светот во изминатите години се слични со вредностите измерени во 2007-ма година, за 0,5 степени повеќе во однос на просечните температури забележани на копно и на површина на океанот од 1961-ва до 1990-та година.
Метеоролошката агенција на светската организација ги објави најновите податоци за глобалните температури пред објавување на извештаи за климатскиот статус во 2013-та година, кои се очекуваат во март.