Минатата година половина од произведената струја во ЕУ била од обновливи извори

Минатата година речиси половина од целата европска електрична енергија била произведена од обновливи извори на еметгија, ОИЕ. Според пресметките на тинк-тенк Ember, во текот на изминатите пет години учеството на фосилните горива во производството на електрична енергија во ЕУ падна од 39 на 29 отсто, додека на обновливите извори се зголеми од 34 на 47 отсто.

До крајот на 2024 година, ОИЕ сочинуваа речиси половина (47 проценти) од производството на струја во ЕУ. Една година претходно беше 44,8 отсто.

Овие податоци во четвртокот ги објави британскиот тинк-тенк Ember.

Тоа значи дека учеството на ОИЕ во производството на електрична енергија било рекордно високо.

Вкупното производство на струја во ЕУ во 2024 година изнесувало 1.300 TWh, пренесува bankar.me.

Меѓу обновливите извори на енергија во ЕУ во 2024 година, ветерните електрани беа лидери, со 17,4 отсто од вкупното производство. Потоа следат хидроцентралите (13,2 отсто), соларните централи (11,1 отсто) и биоенергијата (5,5 отсто).

Производството на електрична енергија од соларни електрани порасна особено силно минатата година, за 22 отсто во споредба со 2023 година, на 304 TWh.

Меѓу потрадиционалните извори на електрична енергија во ЕУ, нуклеарната енергија е на прво место со 23,7 отсто, потоа гасот (15,7 отсто), јагленот (9,8 отсто) и другите фосилни горива (3,4 отсто).

Ember забележува дека учеството на гасот во производството на електрична енергија се намалува веќе пет години по ред, од 20 отсто во 2019 година на помалку од 16 отсто минатата година. Vкупно, во овој период, учеството на фосилните горива се намали од 39 на 29 отсто, додека учеството на обновливите извори на енергија се зголеми од 34 на 47 отсто.