Расте трендот на раст на бројката на заболени. Од 20 до 26 јануари во земјава евидентирани се 1.878 случаи на заболени од грип и со слични симптоми на грипот. Тоа еа 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопштија Институтот за јавно здравје.
Од новозаболените, 1.066 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 349 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 325 се деца на возраст до четири години. Останатите се лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени од 26 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 581, Кавадарци – 219, Куманово – 167, Струмица-162, Штип-106, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.
Во шест извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во десет меѓу кои и Гостивар – сезонска, во осум – средна, во Крушево, Свети Николе и Кратово – висока, а во Кавадарци и Дебар – многу висока активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 5.698.