Минатата недела нови 29 заболени од грип

 

Од 05 до 11 мај пријавени се 29 лица заболени од грип, што е намалувaње од 56,7 отсто во однос на минатата недела, а зголемување од 3,6 отсто во споредба со бројот на заболени истиот период  минатата сезона.

Во однос на просечниот број на заболени за истиот период во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,4 пати.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со 11 ма вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.042

Во споредба со истиот период минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 15,9 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 60,3 отсто.

Овој период нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.