Минатата ноќ почувствуван уште еден земјотрес во мавровскиот крај

Телеметриската сеизмолошка мрежа на  Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа на 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот бил со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.