Миењето на лицето со минерална вода е могу корисно за здравиот изглед на кожата. Оваа метода најмногу ја користат жените во Јапонија, кои се познати по добро негуваната кожа и младешкиот изглед.
После чистење на лицето, измијте го со минерална, наместо со обична вода. Зошто? Ова ќе доведе до затегнување на кожата, а меурчињата имаат дејство на благ пилинг. Крајниот резултат е свежа, мека и цврста кожа.
Меѓутоа, не претерувајте со миењето бидејќи може да предизвикате иритација. Најдобро е да го практикувате овој начин еднаш или два пати неделно.
Минералната вода може да послужи како тоник. Натопете го памукот во минерална вода и користете ја за чистење на лицето.