„Минесота„ е последниот учесник во доигрувањето

„Минесота Тимбервулвс“ е последниот патник во доигрувањето на НБА лигата откако во неизвесен натпревар во директен дуел за плеј-офот го победи „Денвер Нагетс“ со 110:106. Шести пат во НБА историјата последниот натпревар ја решаваше дилемата која екипа ќе продолжи во доигрувањето, последен пат во 1997 година, кога играа „Вашингтон“ и „Кливленд“. Ноќеска „Минесота“ играше за првото учество во плеј-офот по 14 години , а ривал ќе и биде „Хјустон“, првопласираната екипа од Западната конференција.
Дури и победникот беше решен во продолженијата, а жешката атмосфера, како да се игра финале на НБА, на моменти потсетуваше на натпреварите во Европа, па на крилата на навивачите „Минесота“ во најголем дел од мечот беа во предност. Домаќините поубедливо водство на два пати имаа во втората четвртина од по десет коша разлика, 49:39 и 62:52, а Србинот Никола Јокиќ го предводеше „Денвер“ до изедначувања. До крајот „Денвер“ постојано заостануваше, а на 4,5 минути до крајот резултатот беше 99:91 кога Јокиќ погоди тројка. И покрај две промашувања на неговата екипа, односно серијата неуспешни напади од двете страни „Нагетси“ изедначија на 101:101 и дојдоа до продолженија.

„Денвер во дополнителните пет минути прв дојде во водство со тројката на Бартон, но „волците“ посилно гризеа па следеа кошеви од Батлер за 103:104 и на Милсап за ново водство на гостите од 106:104, што беше нивен последен кош. До крајот Јокиќ промаши тројка, но не му бепе досуден фаул при наредниот обид за шут. Во меѓувреме за „Минесота“ погоди Тиг, а по две слободни фрлања погодија Батлер и Вингс за конечни 110:106 на 14 секунди до крај,што не беше доволно за гостите пак да изедначат.

Најдобри кај домаќините беа Џими Батлер со 31 поен и Карл Ентони-Таунс со 26 поени и 14 скокови. Кај „Денвер“ најдобар беше Јокиќ, со 35 поени, 10 скока и три асистенции, па остана без десет трипл-дабл ефекти