![Timbervolfs Sans](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Timbervolfs-Sans.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Кошаркарите на Минесота Тимбервулфс се пласираа во полуфиналето на плејофот на Западната конференција на НБА лигата, откако ноќта кон понеделникот ги совладаа Феникс Санс на гости со 122:116 и направија 4-0 во серијата од четири победи.
Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 40 поени, од кои седум „тројки“, а додаде и девет скока и шест асистенции. Карл-Ентони Таунс впиша 28 поени и 10 скока за Вулфс кои победија во првата плејоф серија по 20 години.
„Знаев дека имавме шанса да ги изметиме и зошто би сакале да се вратиме во Минесота. Ние го знаеме рецептот. Тие излегоа и се натпреваруваа. Тие одиграа силно вечерва”, рече Едвардс. “
Џејден МекДаниелс додаде 18 поени, а Мајк Конли 10 поени и седум асистенции за Тимбервулфс, кои во второто коло ќе се соочат или со Денвер Нагетс или со Лос Анџелес Лејкерс.
Девин Букер постигна рекордни во кариерата 49 поени во плеј-офот за Феникс Санс. Кевин Дурент постигна 33 поени со девет скока, пет асистенции и четири блокади.
Во претходните натпревари, Њујорк Никс поведе со 3-1 против Филаделфија 76ерс, откако ги победи со 97:92, а Лос Анџелес Клиперс израмни на 2-2 против Далас Маверикс, кој го совлада со 116:111.
Во Индијанаполис, Индијана Пејсерс поведе со 3-1 против Милвоки Бакс, совладувајќи ги со 126:113 во четвртиот натпревар од првото коло на плејофот на Источната конференција.
Најзаслужни за победата беа Мајлс Тарнер, кој постигна 29 поени, од кои седум тројки, и Тајрис Халибартон, кој додаде 24.
Петтиот натпревар е вторник во Милвоки.
„Сè уште не сме готови. Серијата е далеку од завршена… Само игра силно, играј на вистинскиот начин, играј низ сѐ што ќе ни се фрли, што и да е. Да ја задржиме прибраноста низ сево ова, само да останеме заедно како група“, изјави Халибартон за Bally Sports Indiana.
Брук Лопез од Милвоки натпреварот го заврши со 27 поени и девет скока, а Крис Мидлтон со 25 поени и 10 скока. Малик Бисли додаде 20 поени за Бакс, кои беа без повредените ѕвезди Демијан Лилард и двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокумбо.