“Минхеновци” премрзнаа во студената Москва

Фудбалерите на Баерн Минхен доживеаа непријатно изненадување во Москва, каде уште ќе одиграат натпревар во рамките на ЛШ против ЦСКА Москва.

29.09peb2

Имено, во хотелот каде што биле сместени фудбалските ѕвезди, околу полноќ, непознато лице го активирало противпожарниот аларм, по што фудбалерите веднаш биле евакуирани од хотелот.

guardiola25

Меѓутоа, беше утврдено дека некој се обидел да внесе паника во редовите на германскиот шампион, кој на улица помина околу еден час. Со оглед на фотографиите Баварците добро се забавуваа пред хотелот.