![Lazio](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/lacio.jpg?resize=696%2C449&ssl=1)
Во последниот натпревар од 29-то коло на италијанското фудбалско првенство Лацио на својот „Олимпико“ со минимални 1:0 ја совлада Венеција.
Лацио во текот на целиот дуел беше подобрата екипа, но на крајот успеа да постугне само еден погодок, и тоа од пенал. Во 58 минуте трите бода ги обезбеди најдобриот стрелец на римскиот тим и во цела Серијна А, Чиро Имобиле.
Лацио со оваа победа се искачи на петтото место на табелата со 49 бодови, бод повеќе од Аталанта која е шеста но со меч помалки и од градскиот ровал Рома. Венеција остана во опасната зона на 18-то место со 22 бодови, три помалку од Калјари од кога има и еден натпревар помалку.
На табелата води Милан со 63 бодови, три повеќе од второпласиораниот Напол, а трет е Интер со 59 бодови и меч помалку. Четвртопласиран е Јувентус со 56 бодови.