
Во последниот натпревар од 24-то коло во шпанското фудбалско првенство Барселона со 1:0 го совлада Рајо Ваљекано и го презеде врвот на табелата. Решавачкиот гол го постигна Роберт Левандовски од пенал во 28. минута.
Во продолжението од мечот, секогаш непријатниот за Каталонците, Рајо успеа да создаде неколку изгледни прилики и израмни во првиот дел, но погодокот беше поништен поради офсајд позиција на еден напаѓач на гостите. Барселона, од друга страна, во вториот дел оминираше и создаваше шанси но нејзините напаѓачи не реализираа ниту една.
Неочекуваните киксови на Реал Мадрид и Атлетико во ова коло, кога ремизираа иако беа фаворизирани, ѝ создадоа можност на „Блауграна“ да го преземат врвот на табелата со победата против Рајо.
Не така одамна Реал Мадрид имаше седум бода предност, но „Кралскиот“ клуб во последните три кола освои само два бода, додека Барса забележа четири победи во низа.
Барселона сега има 51 бод, колку и Реал, но Каталонците имаат подобра гол-разлика. Атлетико Мадрид е трет со 50 бодови. Рајо Ваљекано остана на шестото место со 35 бодови по првиот пораз во последните 10 кола.