Минимална победа на Рајо Ваљекано кај Виљареал

Во последниот натпревар од 19-то коло на шпанската Примера, фудбалерите на Рајо Ваљекано, освоија големи бодови на гостински терен совладувајќи го Виљареал со 1:0, откако македонскиот рапрезентативен голман Столе Димитриевски успеа да ја сочива нечепната својата мрежа

Тврдиот натпревар со малку шанси беше решен во 70 минута кога Серхио Камело го постигна петтиот сезонски гол во Ла Лига за да ги обезбеди бодовите за својот тим Рајо Ваљекано.

Ова беше само трет натпревар на домашен терен сезонава во првенството на кој Виљареал не победи, додека Рајо веќе стигна до 15 бода освиени на гостинските терени сезонав.

Виљареал остана петти на табелата со 31 бод, додека Рајо Ваљекано скокна на седмото место и има два бода помалку од вечерашниот противник, односно од првата позиција којашто води во европските натпреварувања следната година.