Минимална победа со пресврт на Интер, за Јувентус дербито во Торино

Olimpico Grande Torino Stadium in Turin, Italy, 2 october 2021 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Актуелниот италијански фудбалски првак Интер во последниот меч во саботата во рамките на седмити коло на Серија А со 2:1 славеше на гостувањето кај Сасуоло, а Јувентус со 1:0 го доби локалното дерби со Торино.

„Нераѕурите“ покажаа две дијаметрално спротвни изданија на мечот против Сасуоло. Во првото полувреме домашните сосема заслужено имаа предност, но актуелниот шампион во второто значително ја подобрија играта. Клучни се покажаа дури четирите замени одеднаш кои ги изврши Симоне Инзаги во 57 минута, што го разбуди Интер.

Во 22 минута Милан Шкрињар направи фаул во својот шеснаесетник над Џереми Бог, а пеналот го реализираше Доменико Берарди. Интер поведе само минута по „хокеарската“ измена, во 58 минута со шестиот погодок на Един Џеко сезонава. Босанскиот напаѓал од првиот контакт со топката го совлада Андреа Консиљи. Дваесет минути подоцна Џекој избори најстрога казна која ја реализираше Лаутаро Мартинез кој го претвори во водство. Пет минути пред крајот го постигна и вториот погодок но ВАР-от го поништи.

Наполи со шест меча е прв со 18 бодови, Интер сега е втор со бод помалку а градскиот ривал Милан има 16 бодови но и меч помалку. Сасуоло моментално е 12-ти со седум бодови.

Во саботата беше одиграно и едно и од најголемите дербија во италијанскиот фдудбл во кој Јувентус како гостин со 1:0 го победи Торино. Јувентус ја продолжи низата без поразво торинското дерби на 15 натпревари, при што впиша 12 побе и три ремија. Последниот пат Торино го доби најголемиот ривал пред шест години.

Мечот беше цврст и тврд без премногу шанси, а решавачкиот погодок го постигна Мануел Локатели во 86 минута кога на работ од шеснаесетникот ја доби топката по што ја погоди противничката мрежа. Во 90 минута „Старата дама“ беше блиску до вториот погодок, но Дејан Кулушевски во луцидна акција ја погоди стативата.

Јувентус моментално е осми со 11 бодови, а Торио е 10-ти со осум бодови.

Минимално со 1:0 со голот на Милан Ѓуриќ во 66 минута и Салернитана славеше над Џенова, за која Горан Пандев влезе во игра на 73 минута.

Откако во првите шест кола впиша пет порази и реми, Салернитана конечно ја оствари првата првенствена победа сезонава. Тоа и е воедно и првата победа во Серија по мај 1999 година, а клубот во италијанската елита по 23 години. Клубот од Салерно последен пат играше во Серија А во сезоната 1998/1999, а последната победа пред денешната во лигата ја оствари во мај 1999 година против Виченца 2:1.

Салернитана со оваа победа му го препушти последното место на Калкари, но со четир бодови и натами се наоѓа во пасната зона 19-та. Џенова, пак, со пет бодови е на 16-то место.

Во недела се играат дуелите: Болоња – Лацио, Хелас Верона – Специја, Сампдорија – Удинезе, Фиорентина – Наполи, Рома – Емполи и дербито Аталанта – Милан.