Минималната плата 22.576 денари

Минималната плата од март ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, е утврдено на вчерашната седница на Економско социјалниот совет (ЕСС).

Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот објави дека на 60.000 работници ќе им биде зголемена минималната плата и дека тоа ќе биде бенефит за нив.

Висината на минимална плата во бруто износ секој март се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот.

Од власта пак вчера потсетија дека во последните седум години сега минималецот има раст од 123,9 проценти.