Средба на ССМ и Владата за минималната плата- ќе има договор или штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на средба со владини претставници ќе ги изнесе барањата на во врска со минималната плата, а ќе бара и потпишувањето на општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15. Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.

ССМ ги повика пратениците да ги изгласаат измените на Законот што ССМ ги поднесе до пратениците со кои ќе се реализира зголемувањето на минималната плата. ССМ деновиве извести дека го формирала главниот штрајкувачки одбор, наведувајќи дека од исходот на денешната средба во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.

„Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информира ССМ по состанокот на Претседателството и Советот како највисоки тела.

„Зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на сите останати плати треба да се случи уште утре. Ние бараме, како социјално- рамноправни партнери и го аргументираме се ова на база на оваа анализа за ефектите од минималната плата врз претпријатијата како и работниците и со оваа анализа докажуваме дека  доколку се случи уште утре, ние ќе имаме задоволен, попродуктивен работник, но и поголем профит за компаниите“, изјави Дарко Димовски Претседател на ССМ.

Решението ќе се бара на седница на економско сицијалниот совет на која освен синдикатот и Владата партнери се и работодавачите. Бизнисмените се против брзи и со закон наметнати решенија за повиссока плата, посебно во услови на криза која ги става под сериозен притисок компаниите. Стопанствениците велат дека не се против зголемување на платите, но инсистираат тоа да биде наметнато од продуктивноста.

Наспроти ова Синдикатот како аргумент плус ја става и нивната анализа која покажала дека растот на платите нема да има негативно влијание на компаниите, туку напротив ќе поттикне поголема продуктивност на работниците. Ова го сметаат и дел од економистите:

„Податоци во преден план, каде што се платите на работниците. Значи сите права на работници, кои што се официјално вработени, значи добиваат официјално плата во државата се вклучени во нашата“ изјави- Бранимир Јовановиќ.

Освен зголемен минималец на 18.000 денари, Синдикатот бара регрес за годишен одмор за сите вработени во администрацијата и јавниот сектор. Минималецот кај нас изнесува 15.194 денари.