Во рамките на синоќешната програма од Копа Америка, стандардно беа одиграни два натпревари.
Аргентина славеше во дерби дуелот против Уругвај со 1:0, што е одличен резултат по разочарувачкото реми на стартот од турнирот против Парагвај.
Единствениот погодок за “гаучосите” го постигна Серхио Агуеро во 56-та минута, откако по одличната акција на Пасторе и Забалета со глава ја “заби” топката во мрежата на Уругвај.
На другиот натпревар пак Парагвај стигна до првата победа, исто така со 1:0.
Парагвајците славеа против Јамајка со многу среќа откако голманот Дувејн Кер при едно излегување од шеснаесетникот направи страшен кикс и им подари победа на противниците.