Во средбите од 16-то коло од германското фудбалско првенство Баерн на „Алијанц Арена“ го совлада Келн со 1:0 и сега има девет бодови предност пред второпласираниот Шалке 04.
Голот за победата го постигна Роберт Левандовски во 60 минута. Ова беше 15-от погодок за најдобриот стрелец во Бундеслигата оваа сезона.
Баер Леверкузен со идентичен резултат, а стрелец беше Лукас Алари во 11 минута, го совлада Вердер.
Еден гол видоа и гледачите на натпреварот меѓу Хофенхајм и Штутгарт, и тоа во гостинската мрежа. Победата на Хофенхајм му ја донесе Марк Ут во 81 минура.
Шалке со 3:3 го победи Аугсбург. Стрелци за домашните беа Ди Санто во 55, Бургшталер во 47 и Калигиури во 83 минута од пенал, додека за гостите погодија Каиуби во 64 и Геророч од белата точка во 79 минута.
Херта на домашен терен беше поодбра од Хановер со 3:1. Калу беше двоен стрелец во 18 и 45 минута, а Торунарига во 83 минута, додека Бебу за гостите постигна гол во 65 минута.
На табелата води Баерн Минхен со 38 бодови, Шалке 04 се проби на второто место со 29 бодови, РБ Лајпциг е трет со 28 бодови.