![sonce-04-48231](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/sonce-04-48231-2.jpg?resize=640%2C326&ssl=1)
Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец.
Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната од 21 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура од седум и дневна до 25 степени.
Во наредните денови продолжува период на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.