Минимално но доволно за Рома и Јувентус

Само два погодока беа постигнати на последните два натпревара од 34. коло во италијанската Серија А.
Актуелниот шампион, тимот на Јувентус не дозволи никакво изненадување пред верните фанови и сосема заслужено со 1:0 го победи гостинскиот тим на Болоња.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 64 минута беше дело на францускиот интернационалец Пол Погба.
Идентична победа, но на гостувањето во Фиренца, забележаа фудбалерите на Рома, а погодокот вреден три бода, постигнат во 26 минута беше дело на белгискиот интернационалец, Раџа Најголанд.