![poliija soobrakajna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/poliija-soobrakajna.jpg?resize=639%2C384&ssl=1)
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Илинден А.Д. Стуга ќе врши минирање на патниот правец Кичево – Охрид, делница Пресека – Песочан во период од 12:00 до 15:00 часот на 20.07.2020 (понеделник), при што сообраќајот ќе биде блокиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА