Министерката за култура Ирена Стефоска од денеска е во самоизолација, откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на ковид-19.
– Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид- тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места – напиша на Фејсбк министерката.
Таа на оние кои се борат со ковид-19 им посака побрзо опоравување и да останат силни и истрајни.