![reno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/reno.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Ѓоко и Ѓорѓи, јунаците кои возеа од Стојаково до Ница со Рено 4, денеска пристигнаа дома и беа пречекани од сожителите, но и од Министерот за надворешни работи Никола Димитров и од неколку амбасадори.
Имав чест да учествувам на пречекот и запознав едно чудо насмеани и вредни луѓе во гостопримливото Стојаково.
Инспирацијата од оваа убава приказна: Сите сништа се возможни и почнуваат со првиот чекор!
Благодарност до амбасадорите на Србија и Словенија, Душанка и Милан, како и до дипломатите од Франција и Хрватска, земји кои беа дел од патешествието, кои ми се придружија во удобноста на 40 годишното Рено. Наш ред да патуваме кон Европа, напиша Димитров.