Над 190 лица се обучуваат да станат специјалци во центарот Пепелиште каде се организира обуката која денеска ја следеше и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Качување по карпи, спуштање од мост, совладување препреки , ова се дел од работните точки на селективниот курс за професионални војници во армијата.
Освен физичка способност, се оценуваат и тимската работа, лојалноста и дисциплината..Селективниот курс за професионални војници трае 24 дена.
Од Министерството за одбрана најавија дека наскоро ќе почне и шестмесечна обука за подофицери во воената академија. Голем дел од нив ќе станат и припадници во специјалните единици.