Министерот Николовски ќе учествува на националниот штанд кој ќе се претстави на меѓународниот саем „Bellavita“ во Чикаго

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ја предводи македонската делегација која за прв пат учествува на реномираниот меѓународен саем „Bellavita“ во Чикаго, соопштија од министерството.

Како што се наведува, Македонија првпат има свој национален штанд на саем во САД. Единствени од Европа, заедно со Италија и Шпанија нашата земја е учесник на овој реномиран саем.

„На саемот учествуваме со седум домашни винарии Тиквеш, Стоби, Сопот, Венец, Иземит, Камник и Далвина, презентирајќи го убавото македонско вино. Очекуваме успешна презентација на нашето убаво вино, повеќе директни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во Америка.

Министерот Николовски во рамки на посетата во САД ќе оствари средба и со македонската заедница, како и повеќе средби со претставници на земјоделскиот сектор на САД. Во Вермонт министерот Николовски ќе оствари средба со комесарот од одделот на шумарство на Вермонт, потоа ќе ја посети млечната фарма „Stony Pond““, соопшти МЗШВ.