Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмусен.
За време на еднодневната посета на Скопје, Расмусен се сретна и со министерот за одбрана, Талат Џафери, како и со премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На средбите ќе се разговара за статусот на прогресот на Република Македонија во однос на имплементацијата на реформските процеси, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано членство на Македонија во НАТО.