
Министерот за надворешни работи нa Република Македонија Никола Попоски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави, Хојт Брајан Ји.
Како што соопшти МНР, за време на средбата биле разменети мислења за меѓусебните односи, регионалната стабилност и визијата за Евроатланската интеграција на РМ.
Било разговарано за напорите во надминувањето на политичката криза преку избори, како и за предизвиците поврзани со мигрантската криза.