Министерот Рашков: Телата се изгорени до непрепознатливост

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков , кој е на местото каде с запали македонски автобус во кој изгореа 45 патници, рече дека истрагата ќе ги разјасни деталите. Сосема е можно палењето на автобусот да е предизвикано од допир со заштитната ограда. Се слушнаа секакви верзии, вклучително и истекување на гориво, но сè уште нема конечни резултати.

-Телата се изгорени до непрепознатливост. Останува да видиме дали на автопатот има косини кои отстапуваат од дозволенито, рече Рашков.

-Во оваа фаза може да се претпоставува дека причината за несреќата може да е човечка грешка или техничка неисправност, изјави директорот на Националната служба за безбедност Борислав Сарафов .

Бугарскиот премиер Стефан Јанев го информирал својот колега Зоран Заев, кој отпатува за Бугарија .

-Најпрво сакам да изразам сочувство до роднинитена жртвите. Пред неколку минути бугарскиот премиер Стефан Јанев ме информираше за големата трагедија на автопатот Струма кај Бошнек. Таму излетал автобус со македонски регистарски таблички и се случила трагедија. Во него патувале 53 патници, 46 починале, а 7 се пренесени во болница и пренесени во Софија. Побарав од премиерот навремено да ме информира за причините за инцидентот. Македонските служби – министерствата за внатрешни работи и за здравство се известени, а претпладне ќе испратат екипи да помогнат. Прво треба да се потврди од каде возел автобусот, но веројатно е дека внатре патувале граѓани од северна Македонија штом имал таква регистрација. Згрозен сум од трагедијата, жал ми е за инцидентот. Им благодарам на бугарските власти, кои прават се за да ги заштитат животите на преживеаните, изјави Заев.

Амбасадата на РСМ во Софија испрати свој претставник во болницата Пирогов.По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, предметот за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма е доделен на екипа истражители од Националната истражна служба. Веќе се започнати увиди, а во тек е увид на местото на настанот.

Автобусот скршил над 50 метри од заштитната ограда при несреќата во Струма, објасни градоначалникот на Перник Станислав Владимиров. Според него, причините за трагедијата може да бидат многу – од влажна патека, до невнимание на возачот или заспивање.

„На оваа траса често се случуваат несреќи. Има огромно поместување од два километри. Оваа рута е една од најтешките кај нас. – додаде Владимиров, цитиран од Нова ТВ.