Министерот Сали ќе го посети вакциналиот пункт во Центарот за јавно здравје-Скопје

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети вакциналниот пункт во Центарот за јавно здравје Скопје (амбуланта Пролет), каде се одвива имунизацијата против сезонски грип.

На 19 октомври почна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население во
центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.

Како што соопшти Министерството за здравство, заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk.

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип е незадолжителна, наменета е за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.