Министерот Спасовски во работна посета на Подгорица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе биде во  работна посета на Подгорица, Црна Гора.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Спасовски ќе оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, како и со министерот без ресор Зоран Миљаниќ.