Министерот за антикорупција Николовски шири корупција, си го вработил братучедот во МНАВ за плата од 100 000 денари

Чичкото и синот на министерот за спречување на корупција Љупчо Николовски се вработени во МНАВ. Во институцијата МНАВ каде што подолго време работи чичкото на министерот на Љупчо Николовски, со исто име Љупчо, си го вработил својот братучед Стефан Николоски при што не било пречка што таму работи неговиот татко, а неговиот братучед е министер во владата.

Според информации на „Нетпрес“ вработувањето е од втор обид бидејќи не ги исполнувал условите. Подоцна биле променети условите за Стефан да се вработи во МНАВ. Тоа било направено и со смена на лицето кај кого братучедот на Николовски полагал, а првиот пат не положил.